Дуа Липа објави фотографија со новото момче

Познатата пејачка Дуа Липа ги изненади своите фанови со објава на „Инстаграм“. Имено, таа објави фотографија од себе и Калум Тарнер и со тоа потврди дека излегува со британскиот актер.

На фотографијата тие лежат на тревата еден спроти друг и се гледаат во очи.

Тие ги поттикнаа шпекулациите за нивнатата романса на премиерата на серијата на Калум, Masters Of The Air, во јануари. Двојката е видена во јавноста неколкупати, вклучително и на забавите на „Греми“ и „Брит“. По објавувањето на нејзиниот албум Radical Optimism во мај, парот беше виден како шета во Њујорк, пишува „Пипл“.

Калум Тарнер е шест години постар од Дуа Липа, а актерската кариера ја почна во 2011 година. Тој е познат по улогите во серијата филмови Fantastic Beasts и The Boy in the Boat на Џорџ Клуни. Покрај со глума, таа се занимава и со манекенство. Работел за брендови, како што се „Барбери“, „Рибок“ и „Вог“.


1307

Задолжително

Verified by MonsterInsights