Полуфиналето и финалето на ЕП ќе се игра со нова топка

Наместо досегашната „Фусбаллибе“ (превод, „љубов кон фудбалот“), со која се играа сите мечеви, последните натпревари на ЕП ќе се играат со нова топка. „Адидас“ подготви нова топка, наречена „Фусбаллибе финале“ за одлучувачките дуели.

Топката за полуфиналните натпревари и финалето на ЕУРО е различна и визуелно и технички. Додадени се нови детали во дизајнот на топката со која се играше досега, така што практично веќе нема бела површина, туку сега е сребрена и ја симболизира бојата на пехарот.

Има и детали кои ги надополнуваат црвената, златната и црната боја и кои го претставуваат домаќинот на првенството.

Новата топка има технологија која е директно поврзана со ВАР-собата во која ќе испраќа податоци во реално време.


1113