Сања Божиновска: За криминалите во ЕСМ, МЕПСО, РЕК ‘Битола’, мора некој да одговара!

Предавање на сите ревизорски извештаи досега, кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање процес на постојана редовна ревизија на сите институции, беше договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор, Максим Ацески.

„Несериозен е односот кон ревизорските извештаи, кои со години забележувале и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите, како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК ‘Битола’, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката, ќе се мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној што го прекршил законот“, изјави министерката Божиновска на средбата со Ацески.

Главниот ревизор укажа на досегашните извештаи за работата на овие институции и нотирани се неправилностите.

Во текот на вчерашниот ден Министерството испрати и допис до Бирото за метрологија, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Националниот оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенцијата за енергетика за доставување извештај за спроведените активности изминатите 4 години и за финансиската состојба во која се наоѓаат институциите.


1117