ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА КАЈ „ЛИДЛ“ И „БЛИС“

Општина Битола, согласно склучениот договор со економскиот оператор, од денес започна со подготвителни активности на терен за изградба на улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“. Градежните работи ќе се изведуваат согласно потребите за Основниот проект – Изградба на улица крак „Илинденска“ – 1 од ДУП за Ушици блок 5 и реконструкција на постојна крстосница „Дулие“, а додека траат работите на терен ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќај, согласно одобрениот сообраќаен проект.


1100