Победниците ја пишуваат историјата и ја креираат иднината!

Борче Димитровски, секретарот на Општина Битола објави Фејсбук статус посветен на  музичкиот настан кој го отвори Битолското културно лето 2024, во кој порачува дека – Победниците ја пишуваат историјата и ја креираат иднината!

Пишувањето на Димитровски ви го пренесуваме интегрално. 

– Победниците ја пишуваат историјата и ја креираат иднината!

 “The Stars Symphony” е прв музички настан одржан на градскиот стадион во Битола ” Петар Милошевски” во последните 35 години. Тоа не е случај со соседниот Охрид, главниот град Скопје, па дури и некои помали градови во Македонија…

 Над 4000 посетители уживаа во спектаклот, бројка која не е забележана за поединечен настан во нашиот град. Фактите зборуваат дека големата сала на ЦК Битола, салата на Народниот театар, ракометното игралиште, платото на Офицерскиот и Хераклеа се со значително помал капацитет за посетители.

 Квалитетна програма со авторски изведувачи…нашите Паркети, Брас Брадерс, Каролина и Камерниот оркестар на Битола, Агни Авшар, Наде Талеска, Суперхикс, гостите LoveItoya, Pig and Dan, Констракта, Schiller

 Настанот е позитивен пример на вмрежување на јавни средства, приватниот сектор и ресурси на граѓанските организации како еден од начините за организирање на висококвалитетни настани во уметнички аспект, но не помалку важно во аспектот на техничките перформанси

За да биде Битола пред се, треба навистина и да го мислиме тоа 

Нека ни е убава нашата Битола!


1097