КОЊАНОВСКИ – УСВОЕН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, БЛАГОДАРНОСТ ДО СОВЕТНИЦИТЕ КОИ ПОКАЖАА КОНСТРУКТИВНОСТ

Општина Битола продолжува со реализација на капитални инвестиции и други инфраструктурни проекти. Чест ми е, што мнозинството во Советот даде поддршка на ребалансот на Буџетот, давајќи можност на зацртаните проекти да продолжат да се реализираат, како и да се започне со подготовка на нови проекти кои се во контекст на визијата на локалната самоуправа за напредок на Битола. Советниците кои го сакаат својот град, недвосмислено одлучија дека, Битола заслужува планираните инвестиции да бидат реализирани.

Исто така, сакам да изразам благодарност и до советниците кои не гласаа за предложениот ребаланс на Буџетот, но со свои предлог амандмани учествуваа во денешната конструктивна расправа на Советот, со што сепак и покрај извесниот скептицизам, покажаа доверба во мојата работа и работата на општинската администрација.

Со должна почит и одговорност кон сите граѓани на општината, цврсто стојам зад сите проекти од општинските програми и понатаму продолжуваме да работиме заедно со моите соработници во насока на обезбедување подобра инфраструктура, образование, спортски и културен просперитет на Битола.


1123