Петрушевски: За три недели власт ВМРО-ДПМНЕ оствари и повеќе од очекуваното

Петнаесетина дена, три недели како имаме влада во Македонија и сметам дека остваривме и повеќе од она што се очекува. Едни од носечките наши изборни ветувања се веќе реализирани, а тоа е ДУИ во опозиција. Гледаме дека си седат во опозициските клупи и не се случи никакво чудо во Република Македонија како што претходно имаше најави, мислења или критики од одредени политички субјекти, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во денешното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија запрашан дали се остварите очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта.

-Имаме Влада која што ги среќава со дипломати, иако претходно беше зборувано дека ВМРО-ДПМНЕ било изолирано, гледаме дека не е така. Гледаме секојдневно средби со разно разни дипломати. Носечкото ветување за линеарно зголемување на пензиите кое што. Исто така беше критикувано дури и како невозможно во Република Македонија веќе е реалност, се прави ребаланс на буџетот и првите две и пол илјади денари линеарно зголемување ќе се пуштат во септември годинава, следното во март следната година“, рече Петрушевски.

Набројувајќи ги постигнувањата и реализациите од страна на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски додаде дека со ребалансот на буџетот кој што се подготвува ќе се одвојат пари и за ветените 250 милиони евра за реализација на проекти на општините.

„Исто така со ребалансот се алоцираат средства за голем број на други ветувања кои што ги имаме во нашата програма, пред се акцент тука ставаме на 250 милиони евра, пари за општините. Не како до сега селективно онаму каде што владата мисли дека треба да ги даде, туку по формула на сите општини подеднакво. Тоа се пари кои што ќе се користат за нови училишта, канализации, водоводи, асфалтирање на патишта и така натаму“, истакна Петрушевски.

Додаде дека гледаме сериозни странски инвестиции, три недели власт, веќе трета инвестиција најавена, посочувајќи дека тука нема да застане ВМРО-ДПМНЕ се до реализација на целосната програма ветена на граѓаните пред изборите.

„Така што, мислам дека и повеќе од она што го очекувавме за три недели ние го реализиравме. Меѓутоа, апсолутно не застануваме тука. Планираме комплетната програма и сите оние ветувања кои што ги имаме дадено пред граѓаните во предизборниот период да бидат реализирани“, потенцираше Петрушевски.


1084