Бисера Костадиновска ширела паника и страв во јавната политичка комуникација

Поранешната министерка за култура од Битола,  Бисера Стојчевска Костадиновска, во април годинава употребувала штетни наративи – ширење паника и страв, покажува тримесечниот извештај за присуството на штетните наративи во јавната политичка комуникација во Северна Македонија, изготвен од  Институтот за комуникациски студии (ИКС) . 

Бисера Стојчевска Костадиновска беше министер за култура (единствен од Битола)  во владата на Димитар Ковачевски и на последните парламентарни избори успеа да обезбеди пратеничко место и сега е единствен актуелен пратеник од Битола од редовите на СДСМ.

Во извештајот на Институтот за комуникациски студии стои дека кај Костадиновска исто како и кај  Артан Груби се нотирани ширење паника и страв 

-Иако инцидентни, интересно е да се забележи дека штетните наративи етноцентризам и екстремен патриотизам се употребени во мај од Крешник Бектеши и Кренар Лога, додека ширење паника и страв во април од Артан Груби и министерката за култура Бисера Стојчевска Костадиновска. Уште една интересна забелешка е дека штетниот наратив странско влијание единствено е искористен од Артан Груби во текот на секој месец на ова тромесечје, стои во обсежниот извештај на Институтот за комуникациски студии.  


1295

Задолжително

Verified by MonsterInsights