Битола добива нов модерен комплекс за спорт и рекреација во Брусничка населба
Секретарот на Општина Битола Борче Димитровски сподели фотографија од новиот модерен комплекс за спорт и рекреација изграден во Брусничка населба во Битола.
-Битола добива нов модерен комплекс за спорт и рекреација во Брусничка населба!, објави Димитровски и најави дека отворањето на комплексот ќе биде следната недела.