На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени

Скопскиот земјотрес е природна катастрофа која го зафатила Скопје во 1963. година. 

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

https://www.instagram.com/p/C937L-XtW0R/embed/?cr=1&v=14&wp=540&rd=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk&rp=%2Fna-26-juli-1963-godina-vo-517-chasot-skopje-bilo-razurnato-od-zemjotres-so-9-stepeni#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A5527.39999999851%7D

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.


1485

Задолжително

Verified by MonsterInsights