Викторија Трајков: Прв состанок на Стратешкиот Одбор на проектот „Поддршка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ“

Како заменик министерка за европски прашања имав чест да го отворам првиот состанок на Стратешкиот Одбор на проектот „Поддршка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ“, финансиран од Кралство Шведска (Сида) и Швајцарија, а имплементиран од канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) во Скопје.Во своето обраќање ја потенцирав важноста на проектите во спроведувањето на реформите и изразив своја благодарност за поддршката од страна на долгогодишните партнери Кралството Шведска, Швајцарската Конфедерација и УНОПС.

На состанокот присуствуваа: заменик на Претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, амбасадорката на Кралството Шведска Ами Ларсон Џеин, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман Марти, амбасадорот на Европската Унија во земјата, Дејвид Гир и директорката на УНОПС, Микела Телатин.Спроведувањето на овој проект е значаен за процесот на пристапување на земјата, а резултатите даваат јасна стратешка рамка со дефинирани цели и задачи.


1136

Задолжително

Verified by MonsterInsights