Средба на министерот Муцунски со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), односно со претседателот на Комората, Aјдован Адемоски, и со заменик-претседателите Марија Томеска и Есер Џевахир.
Како што информира МНР, на средбата била потврдена „одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција во бизнисот и економијата со надеж дека таа ќе продолжи и во следниот период, а активностите ќе бидат насочени кон понатамошно мотивирање на нови странски компании кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија“.
Притоа од нивна страна беа презентирани активностите кои се планирани во следниот период, како и можноста за организација и посета на бизнис-форуми каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија, наведува Министерството во соопштението.