ФОТОГАЛЕРИЈА: САЛАТА НА КИНО МАНАКИ ПРЕТЕСНА ДА ГИ ПРИМИ СИТЕ КОИ САКАА ДА ГО ВИДАТ ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА ДИМЧЕ МИНОВСКИ

Синоќа во преполната сала на Кино ‘‘Манаки‘‘ во Битола, премиерно беше прикажан документарниот филм на тандемот Дејан Младеновиќ и Шенол Мемиш, ‘‘Димче Миновски‘‘. По проекцијата следуваше долг аплауз, а авторот на филмот, Шенол Мемиш и новинарот и писател, Димче Миновски, и се заблагодарија на бројната публика за присуството на настанот, кој се одржа во рамките на Битолското културно лето ‘‘Битфест 2024‘‘.

Филмот се снимаше на повеќе локации во Битола и во него главен акцент е ставен на 50 годишниот професионален ангажман на Миновски како радио водител, спортски коментатор и писател, автор на 30 книги, повеќето од областа на спортот.

Димче Миновски минатата година ја доби Наградата за животно дело ‘‘4 Ноември‘‘, која традиционално ја доделува Општина Битола на Денот на ослободувањето на градот.

Медиумски покровител на настанот беше Веб порталот ‘‘Пеланет‘‘.


1582

Задолжително

Verified by MonsterInsights