Бора Чорба ставен на респиратор
Поради проблеми со белите дробови, пејачот пред три дена бил задржан на лекување во болница во Љубљана, а потоа менаџерот на групата изјавил дека му била констатирана тешка пневмонија.
Фронтменот на групата Рибља чорба, Бора Чорба, се наоѓа во болница во Љубљана и неговата здравствена состојба се влошила, пренесе Блиц.
„Состојбата на Бора Ѓорѓевиќ е влошена, тој е на респиратор и не може да се изврши никаква операција“, изјави Бане Обрадовиќ, менаџер на групата „Рибља чорба“. Поради проблеми со белите дробови, пејачот пред три дена бил задржан на лекување во болница во Љубљана, а потоа менаџерот на групата изјавил дека му била констатирана тешка пневмонија. На официјалната страница на Фејсбук групата потоа објави изјава за неговото здравје.
„Почитувани пријатели, поради влошената здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ, лекарите му забранија да патува и да се напрега поради тешка пневмонија, како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе победиме болеста и ќе видиме штом Бора ќе се опорави на нови собири“, напишаа тие. Пејачот неодамна изјави дека неговата сопруга е голема поддршка и дека се спасил со доаѓањето во Словенија.
“Веројатно ќе умрев некаде на патот да не дојдев во Словенија бидејќи бев премногу див. И тоа има свои добри страни, но малку претерав. Сфатив дека кога некои мои делови престанаа да работат, а немав „резервни“. Не реагирав веднаш, се опуштив. Човек прво помислува: „Ќе терам додека можам“, воопшто не се грижи. Сега знам покрај кој сум и кој ме сака и дека има смисла да се трудам да трае што подолго, па и таа љубов ќе трае, изјави неодамна.