Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица
По објавата дека во денешната сообраќајка кај Прилеп загинаа три медицински лица, сочувство до семејствата на починатите изрази министерот за здравство Арбен Таравари
Прилеп утре ќе прогласи Ден на жалост за смртта на трите медицински лица кои рано утринава, на пат кон работа загинаа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.
Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.
„Со тага ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп. Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска ги загубија животите одејќи да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа. Најдлабоко сочувство до нивните семејства, пријателите и колегите“,напиша министерот Арбен Таравари на Фејсбук.