ПОДГОТОВКИ ВО РЕК БИТОЛА ВО ПРЕСРЕТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА

Во претстојната грејна сезона, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола влегуваат со извршена сеопфатна анализа на актуелните состојби во рударско енергетските комбинати.

Во рудниците на РЕК Битола констатирана е состојба на хаос затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на јаловинските маси да се врши согласно проектите. Таму, експлоатацијата ќе продолжи согласно насоките на стручните лица во компанијата и од Рударскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот. Зафатот на ТЕ Битола 1 се уште не е ни започнат, иако според ремонтниот план тоа требаше да започне уште кон крајот на изминатата грејна сезона.

Набавката на електрична енергија што се врши во моментов, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба во рудниците и хидроакумулациите, како и да се извршат потребни сервисни активности на дел од постројките. Со тоа ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во текот на грејната сезона.


1401

Задолжително

Verified by MonsterInsights