Меѓународна конференција „Енергетика 2024“

Од 02 до 04 октомври 2024, во Хотел Дрим, Струга, се одржува Меѓународната конференција „Енергетика 2024“ каде присуствуваат голем број учесници од различни сектори на енергетиката, вклучувајќи претставници од водечките енергетски компании, индустријата, истражувачките центри, универзитетите, како и експерти од земјата и странство.

Владимир Пејоски, член на УО и директор на развој и инвестиции на АД ЕСМ учествуваше на панел дискусијата „Комплексна енергетика во Република Македонија“. Во своето излагање, тој ги презентираше тековните и идните проекти на компанијата, кои се усогласени со стратегијата за одржлив раст, унапредување на енергетската транзиција и инвестирање во енергетска ефикасност и зелен развој. АД ЕСМ моментално спроведува 8 проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори, со вкупна вредност од над 350 милиони евра.

Конференцијата претставува успешен форум за размена на искуства, знаења и нови идеи на регионално и глобално ниво, со фокус на предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, вклучувајќи ги компаниите, инвеститорите и корисниците. Овој настан продолжува да биде клучен катализатор за напредок во енергетската индустрија.


1286

Задолжително

Verified by MonsterInsights