Патешествието на Трајан Анастасовски: ОД ВИНЕНИ ДО ОРЕНБУРГ-РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА
Долгото патешествие на Трајан Анастасовски по масовното прогонување на Македонците од Егејска Македонија.

Суровото прогонство на Македонците од Егејска на Македонија, по граѓанската војна во Грција никој не може да го заборави. Уште помалку тоа можат да го заборават илјадниците жени и деца кои беа откорнати од нивната родна грутка и беа присилени да лутаат по источноевропските земји. И секогаш се поставува прашањето зошто Македонците не беа задржани во Народна Република Македонија, туку беа разделувани и раселувани во разни земји? Дали расчеречувањето на македонското ткиво беше однапред испланирано и реализирано од светските моќници?
Прогонетото дете Анастасовски, по долгите патешествија низ источноевропските земји стигнува во Ташкент, завршува факултет и станува универзитетски професор
До скоро дел од раселените Македонци се обидуваа да се доселат во Република Македонија и да бидат поблиску до нивните родни огништа од кои многу беа срамнети со земјата. Многу од имотите на прогонетите им беа доделувани на нивните роднини кои можеа да останат во Егејска Македонија зашто не учествувале во граѓанската војна во Грција или на доселениците.
Факт е, за жал, дека многу Македонци никогаш не се вратија во Македонија од земјите каде што беа населени. Некои од нив успешно се вклопија и направија професионални кариери. Еден од нив е и Трајан Анастасовски кој бил населен во Ташкент и таму завршил факултет и оформил семејство.
Стануваше опасно, моравме да се спасуваме
-Во пролетта во 1948 година нашите села беа без корфилаци (така ги именуваше мајка ми грчки полицајци). Селото Винени (грците го имаа преименувано во Пили) беше чисто без Маџири, дојденци и беше близу до Штабот на ДАГ каде имаше голема партизанска болница. Таму бевме описменети од вујко ми Алексо Василевски и од едно рането учителче. За неколку месеци слобода читавме и пишувавме на македонски јазик, ги совладавме математичките операции, рецитиравме, пеевме песни и им помагавме на ранетите борци побрзо да оздрават. Често требаше да се криеме од бомбардирањето на англо-монархофашистичките авиони. Стануваше опасно, моравме да се спасуваме...
Еден ден не собраа на средсело и машки и женски на 15-16 години. Со две „мајки„ (братучедка ми Божана Стерјовска и Лена Василевска, ние триесетина души со леб и сирење во торбичките тргнавме пешки низ Винени, преку Раби до Перово. Границата ја поминавме во текот на ноќта и стигнавме до Дупени. Таму паднавме во грижливите раце на домаќините Македонци. Оттаму се упативме кон демократските источноевропски држави и имавме мирен сон и безбеден живот. Таму, со голема желба и радост учевме во обичните училишта на прекрасни славјанси јазици, вели Трајан.
Како ја доживеавте депортацијата?
-Збогувањето со родната земја и светлината беше тажно. Тагата, ако така може да се рече, беше малку ублажаена, со срдечното гостопримство во НРМ, ЧСР, НРБ и Советскиот сојуз… Депортација не знае што е оној што не ја доживеал… После тоа дојде до соединување на децата и возрасните со своите родители и блиските со помош на Меѓународниот црвен крст и информативните служби на КПГ. Во 1948 година ние и моите соселани бевме испратени во ЧСР и до септември 1952 година живеевме во разни детски домови. Седуммина од ЧСР бевме испратени во НР Бугарија, во Софија за да учиме во предучилишно образование, Со нас имаше и неколку други деца од другите демократски држави. Ни рекоја дека ќе учиме за учители на „македонски„ јазик, од почеток. Јас не се согласив на предшколското образование и бев определен да учам во седмо одделение во средно училиште „Граф Игнатиев„, во центарот на Софија. Училиштето беше многу добро, со квалитетни педагози за што им сум многу благодарен, – вели Трајан кој сега како пензионер живее во Оренбург, Руската федерација..

Од Софија преку Москва во Ташкент
-Јас со околу 25 други деца на возраст од 12-17 години , на 20 септември 1954 година во вагон за спиење тргнавме, преку Москва во Ташкент. Патувавме 4 дена, се храневме во вагон-ресторан. Нашиот народ е гладен за учење. Иако во првите години во ЧСР станавме повозрасни, па почнавме да учиме со прескокнување од едно во друго одделение, согласно успехот. Да напоменам дека кога во 1952 гоина стигнав во НРБ седнав во клупата со бугарските седмооддделенци и успешно поминав во осмо одделение и со белешката за завршено осмо одделение. Кога отидовме во СССР и кажав на руската директорка на Шеесетидеветтото теашкентско учиште Резаева дека сум подготвен за деветто одделелние. Тоа беше малку дрско зашто нас, децата на политичките емигранти не определија за четврто одделение. Но, мене и на неколку други деца, по тестирањето за руски јазик и математика, ни овозможија да продолжиме во деветто а потоа и во десеттото, последно од средната школа. Десеттото одделение го завршив со сребрен медал што ми дозволуваше полесно да станам студент без сите испити.

Изборот ми беше доста спонтан, а Факултетот – Институтот за технологија на текстилот некако ми се допадна зашто таму видов некои познати македонски презимиња. Но, грчките „наши добродетели„ – раководители ми рекоја да држам испити како и другите политички емигранти во посебна група. Јас така и сторив, бев уверен и бев готов на тоа. Чудно беше што професорите не ни ги кажуваа резултатите за постигнатиот успех. Така било наредено –вели Трајан.
Студент по интервенција на Владата во Москва
-Моето презиме во списокот на примените студенти го немаше. На моето прашање зошто ме нема, во Ректоратот ми рекоа: тоа го реши вашето раководство. Отидов во 7-то гратче кај Политичката комисија, каде ми рекоа можеби не добивте високи оценки и некои слични брборења... Се разболев и лежев во болница и оттаму напишав писмо до министреот за Вишото образование Вјечеслав Ељутин и Премиерот Никита Хрушчов. Помина еден месец и Грците ми јавија: најдовме едно место за вас. Со едно пликче дојдов до ректорот. Кога тој ги виде резултатите по сите предмети, се зачуди и се прашуваше зошто не сум бил примен! Така, по два месеци од учебната 1956-1957 година станав студент, -вели Трајан.
Упорноста и желбата за наука секогаш се втреднуваат
По заршувањето на Факултетот и поднесувањето на дипломската работа Трајан бил назначен за асистент на неговата катедра Хемиска технологија за високомолеркуларни соединенија. Анастасовски продолжува со истражувањата за повисок научен степен на тесхничките науки. По полагањето на докторската дисертација, Вишата Атестациона комисија на СССР му го признава научното звање доцент и станува професор на неговиот факултет,

-Моето искуство потврди дека упорноста и желбат секогаш се вреднуваат. Преживеав многу перипетии во животот, но задоволен сум со постигнатото. Жалам, многу жалам што не ја исполнивме пораката на Гемиџиите кои јас ги именувам како САМОЖРТВЕНИЦИ, -вели Трајан Анастасовски кој сега со семејството живее во Оренбург, Руската федерација….

Трајан со правнукот и ќерката Анастасија на промоцијата на монографијата за Георги Маленков (премиер на СССР од 1952-1953 година, по потекло од Охрид) чиј автор е неговиот син Андреј Маленков
Трајан ја посетил Република Македонија во 1990, 2005 и во 2018 година по повод одбележувањето на Седумдесеттата годишнина од протерувањето на Македонцките од Егејскиот дел на Македонија.
Кирил Добрушевски