„ГРИЖА ЗА СЕБЕ – ОБРАЗОВАНИЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА“
Со поддршка од Општина Битола и Комисијата за еднакви можности, а во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и во соработка со Мрежата за младинско зајакнување и здравје, во понеделник 21.10.2024, во Офицерскиот дом, со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи настанот „Грижа за себе – Образование и превенција на рак на дојка“.
Предавачи на настанот се д-р Михајло Вангелов, д – р Иле Кузмановски и д-р Весна Шикловска, а целта е во месецот посветен на борба против рак на дојката да се подигне јавната свест за навремена превенција и брзо делување во борбата против оваа болест.