Хотелот „Битола“ од објект за згрижување до опасен објект за загриженост
крштевки, слави и прослави, новогодишни вечери, осмомартовски забави…а сега, како што велат битолчани, хотелот повеќе не ниту хотел, ниту дом, распаднат е и тажен за гледање.
Од Здружението на пензионери од Битола сметаат дека овој објект не треба да се дораспадне, туку повторно да заживее.
– Хотелот-пензионерски дом е граден со средства од пензиите на пензионерите кои ги издвојувале за станбена изградба и затоа ние во повеќе наврати баравме од Владата и Фондот за ПИО, нашето Здруежение да го рестартира овој сместувачки капацитет. Здружението на пензионери од Битола е најголемо здружение во Македонија со повеќе од 19.000 членови-пензионери и има интерес да ја преземе сопственоста врз пензионерскиот дом хотел „Битола“ со што ќе ја ублажи големата побарувачка од сместувачки капацитети за пензионери. На досегашните барања да го преземеме објектот добивавме одговори дека Фондот за ПИО одлучил хотелот да го продаде. Првиот пат беше огласен за 700.000 евра, вториот пат за 800.000 евра, а на третиот оглас неговата вредност беше проценета на 2,7 милиони евра. Ако низ сите огласи немало интерес за откуп, тогаш логично е нам да ни се дозволи да им помогнеме на пензионерите. Овој објект единствено може да биде класичен пензионерски дом и затоа ќе бараме и од новиот менаџмент на Фондот за ПИО, хотелот „Битола“ да ни се отстапи во сопственост, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружение на пензионери.
Хотел „Битола“ има(ше) 93 соби со 250 легла, од нив 34 еднокреветни, 42 двокреветни, 8 трикреветни, 4 четирикреветни соби, но и 6 апартмани, ресторан со кујна, бизнис ресторан, магацин, фоаје… Најголем дел од прозорците се искршени, вратите и паркетот откорнати, мебелот и опремата ги снема, а опасноста демне.
Новиот менаџмент на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување предводен од директорот Никола Мемов во првиот месец од мандатот изврши увид на хотелот во Битола и ја потврди желбата за зачувување на објектот, негова обнова и функционалност.
– Запознат сум со состојбите и иницијативите поврзани со хотелот и затоа одлучив лично да го видам објектот. Овластени проценители правеле проценки на вредноста на хотелот, но најверојатно е преценет и затоа немало кандидати за купување, истакна Мемов за време на посетата во Битола, уверен дека во наредниот период од три месеци Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе најде начин и средства за реконструкција на објектот се со цел да биде од полза на сите.