Претрес во крушевско, пронајдено оружје, следува соодветна пријава
Денеска 24.10.2024, со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани. При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол. По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе следува соодветна пријава.
