Од дневникот на МВР

На 25.10.2024 во 03.00 часот на ул.„22 Април” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода З.Б.(31) и В.М.(28), двајцата од Битола. При преглед кај З.Б.биле пронајдена грутчеста материја и марихуана, додека при преглед кај В.М. била пронајдена прашкаста материја. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.

На 24.10.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(38) од Скопје, удрило во пешакот Љ.П.(64) од Прилеп. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција

На 24.10.2024 во с. Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на З.В.(55) во с.Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката. Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од с.Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

На 24.10.2024 во 12.00 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при извршување градежни работи на локален пат во с.Новаци била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување излегол на местото и констатирал дека биле пронајдени 32 гранати калибар 75 мм од Првата светска Војна, кои биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

На 24.10.2024 во 12.20 чaсот во СВР Битола, З.Ѓ.(57) од Битола пријавил дека во близина на угостителски објект во Градската чаршија во Битола бил физички нападнат од Т.С., кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


1150

Задолжително

Verified by MonsterInsights