Активности на СВР Битола

На 26.10.2024 во 22.40 часот С.Д.(54) од  Прилеп, пријавил дека на ул. „Тетовска“  во Прилеп бил физички нападнат од  Х.Р. и Д.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(49) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. Д.Р. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 22.30 часот во СВР Битола Н.Ј.(43) од Битола пријавил дека на ул.„Раштански пат” во Битола бил физички нападнат од неколку лица.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.10.2024 во времето од 10.00 до 14.00 часот полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола при преземање на мерки и активности за спречување на питачење на подрачјето на Ресен, во с.Јанковец, ресенско, ги затекнале А.Д.(48), В.Д.(44) и М.Д.(43), сите од Прилеп, при питачење. По документирање на настанот, ќе бидат издадени соодветни поднесоци.

На 26.10.2024 во 21.00 часот во ОВР Прилеп  Ѓ. Т.(60) од Прилеп пријавил дека  додека бил на работно место во објект во градба, на ул.„Димче Антулески“ во Прилеп, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 На 26.10.2024 во СВР Битола било пријавено дека околу 10.50 часот во с.Беранци,битолско настанал пожар кој зафатил повеќе бали со слама, кои биле наредени во импровизирана просторија, сопственост на Н.Н.(31) од с.Беранци. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица  Битола. Повредени лица нема.

На 26.10.2024 во 13.00 часот во Казнено поправната установа Затвор Битола кај осуденикот Ш.А.(37) од Битола била пронајдена марихуана, грутчеста материја, како и шише со непозната течност. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во СВР Битола Д.П.(55) од Битола пријавил дека во дом на ул.„Цветан Димов” во Битола починала  Е.К.(88) од Северна Ирска, со престој во Битола. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 26.10.2024 во 10.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Битола-Ресен, кај место викано Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од В.П.(43) од Битола, и патничко моторно возило „фолксфаген” со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Р.(55) од с.Лера,битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани од доктор во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.


1367

Задолжително

Verified by MonsterInsights