ФОТОГАЛЕРИЈА: ‘‘80 ГОДИНИ СЛОБОДНА БИТОЛА‘‘ ПРЕМИЕРНО ПРЕД БИТОЛЧАНИ

Документарниот филм ‘‘80 ГОДИНИ СЛОБОДНА БИТОЛА‘‘ од авторите Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ деновиве премиерно беше прикажан пред битолската публика. Во филмот, учествуваат Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, директорот на НУ Битолски народен театар, Васко Мавровски, директорот на НУ Завод и музеј, Зоран Николовски, естрадната интерпретаторка Софија Кочевска, поранешниот пратеник Спиро Мавровски, адвокатот во пензија Антонио Димитровски и други. Проекцијата на филмот е дел од програмата за одбележувањето на 4 Ноември, Денот на осободувањето на Битола.

Филмот се снимаше на повеќе локации низ Битола, а беа користени и стари видео и фотоматеријали од Втората светска војна и ослободувањето на Битола.

За кусата верзија на првиот филм на двоецот Мемиш – Младеновиќ, Документарен филм ‘‘Димче Миновски‘‘, на неодамна одржаното 32 издание на Фестивалот ‘‘Камера 300‘‘, снимателот и монтажер Дејан Младеновиќ доби Плакета ‘‘Камера 300‘‘ за најдобра камера, награда која ја доделува Општина Битола во рамките на овој реномиран интернационален фестивал.


1393

Задолжително

Verified by MonsterInsights