Гренел: АМЕРИКА И СВЕТОТ СЕ СПАСЕНИ, мирот ќе дојде наскоро
Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина и веројатно идниот Државен секретар, Ричард Гренел откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори, изјави дека „Америка и светот се спасени“ и дека наскоро ќе дојде мир.
„Америка и светот се спасени. Ја победивме левицата. Мирот ќе дојде наскоро“, рече Гренел, кој имаше високи позиции за време на првиот мандат на Трамп.