Четири грешки на Камала, ТРАМП И Е НАЈГОЛЕМАТА, а еве кои се другите три

Горчлива изборна ноќ за Камала Харис! Говорот пред расплаканите приврзаници беше откажан, а победата на претседателските избори ѝ се лизна од раце.

Откако пред три месеци зачекори во првите редови на изборната битка, таа болно слета и се соочи со реалноста, олицетворена во гласовите на Американците.

За потсетување, кога претседателот Џо Бајден (81) се откажа од својата кандидатура на крајот на јули, Харис застана на чело на безумните и збунети демократи. Но, за неколку недели, таа постигна напредок, па дури и го престигна републиканскиот ривал Доналд Трамп (78) во рангирањето на популарноста на почетокот на август.

Донациите за кампањата се искачија на рекордно ниво, суперѕвездите како Тејлор Свифт, Бијонсе, Карди Би, Џенифер Лопез ја поддржаа и таа уживаше во својот момент на слава.

Но, кампањата на Харис се покажа како благо лето. Германски Билд, пишува за нејзините најголеми грешки.

Нејзината прва грешка беше – Премногу Трамп! Најголемата грешка, според американскиот аналитичар Френк Лунц, е тоа што Харис се занимаваше со Трамп, наместо да зборува за себе.

-Требаше да зборува каков и е планот првиот час, првиот ден, првата година од нејзиниот мандат. Многумина прашуваа која е Камала? Таа беше непозната, незабележлива заменичка на Бајден. Таа долго време се воздржуваше од изнесување конкретни предлози. Нејзините интервјуа беа низа клишеа и фрази.

Нејзината втора грешка беше што немаше голема разлика меѓу неа и Бајден. Многу Американци го обвинија американскиот претседател за слабеењето на економијата, небезбедните граници и недостатокот на безбедност.

Кога Харис ја прашааа што би направила поинаку, таа одговорила: „Не можам да помислам на ништо“, пренесува Bild.

Третата грешка, според германскиот весник, е фактот што била премногу оддалечена. Додека Трамп се претставуваше како човек близок до луѓето, кој работи во кујната на ресторан за брза храна или се фотографира во камион за ѓубре, Харис позираше за Vogue во фин кашмирски костум. Тоа е сосема туѓо за многу Американци.

На крајот, таа се занимаваше со погрешни теми. За граѓаните на САД, работните места, цените и имиграцијата се важни политички прашања. И гласачите повеќе му веруваа на Трамп за сите тие прашања. Харис неодамна многу се фокусираше на прашањата за абортусот во залудна надеж дека ќе го добие женскиот глас.

https://www.vesti.mk/article/672b6b96166c323f8925d79a

1162

Задолжително

Verified by MonsterInsights