Од дневникот на МВР

На 09.11.2024 во 02.20 часот на регионален пат А3 во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при преглед кај него пронашле  грутчеста  материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 09.11.2024 во 00.30 часот на ул.„Карпош” во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле  од слобода М.Н.(42) од Битола, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 08.11.2024 во 23.45 часот во СВР Битола, Г.Б.(42) од Битола пријавил дека на ул.„Прилепска” во Битола бил физички нападнат од М.Г.(31) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.11.2024 околу 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Г.В.Карангелевски” во Битола патничко моторно возило „сеат” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) од Битола, удрило во пешакот И.Ж.(70) од Битола. По несреќата, пешакот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Фатен крадец во Прилеп

На 08.11.2024 во 18 часот во маркет во Прилеп при вршење на кражба бил фатен Е.А.(31) од Скопје. При извршување на делото бил фатен и спречен од обезбедувањето на објектот. Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и ќе следува соодветен поднесок.


1024

Задолжително