КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ПРВАТА ПРИВАТНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ВО НОВАЦИ

Градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, информираше за првата приватна инвестиција во индустриската зона во Новаци, чии темели беа поставени денеска.

„Среда за среќа ги туривме темелите на првата приватна инвестиција во Индустриската зона во Новаци. Станува збор за наш сожител од Новаци Зоран Николовски– Поката кој започна да ја гради својата приватна автомеханичарска работилница. Тоа што беше само ветување пред 3 години полека станува реалност. Оваа прва инвестиција нека биде една од многубројните кои ќе следуваат во иднина во Индустриската зона во Новаци.“, кажа тој.

Во контекст на прилагодување на условите за развој на индустриската зона, Градоначалникот истакна дека се работи на подобрување на инфраструкурата со реконструкција на локалниот пат од Поштата до Златен клас во Новаци, крак 1 и крак 2, чија вредност изнесува 35,5 милиони денари, обезбедени од Министерство за транспорт и врски.

Наскоро се планира започнување со реконструкција и на крак 3 чија вредност е 19,5 милиони денари од кои 6 милиони денари од Министерство за транспорт а остатокот од буџетот на општината. Исто така на двата краци кои се веќе во изградба изградена е нова канализација и водовод во износ од 4,7 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци.

„Следната година ќе инвестираме во инфраструктурата внатре во самата Индустриска зона.“, заврши Стевановски.

Извор: ТВ Тера


1542

Задолжително

Verified by MonsterInsights