Нов роман на Јасмина Атанасова – „Напластување“

Во Центарот за култура – Битола беше промовиран вториот роман на Јасмина Атанасова, „Напластување“. Настанот го организираше издавачот – Центарот за култура, како дел од неговата годишна програма поддржана од Министерството за култура.

„Овој роман го доживувам како огледало на човековото постоење – со сите слоеви на љубов, болка, прашања и копнежи. Ми претставува огромна чест што моето дело добива простор во една институција со значајно културно влијание, каков што е Центарот за култура.“ , рече авторката на романот на промоцијата.

„Издавањето на дела како „Напластување“ е значаен чекор за нашата институција, бидејќи ги отвораме вратите за автори кои носат нова вредност во македонската книжевност. Преку вакви проекти, покажуваме дека културните институции имаат клучна улога во афирмирањето на домашната литература“, истакна  директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски


1332

Задолжително

Verified by MonsterInsights