Јаневска во Битола: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм
Министерката за образование Весна Јаневска вчера во Собранието, како одговор на пратеничко прашање за состојбата на студентските и ученичките домови, рече дека директорка набавувала пилешко месо на големо за 570 денари по килограм, пренесува https://faktor.mk/janevska-direktorka-na-studentski-dom-kupuvala-pileshko-za-570-denari-po-kilogram.
„Состојбата е катастрофална, има евиденција за криминал и ќе покренеме соодветни постапки за директорите.
Во Пелагонија, ниту топла вода има, ниту храна за студентите. За малку фалеше да дојде до протест на студентоите и вработените. Пелагонија имаше 34 милиони денари долг, а со МОН ќе направиме напори да обезбедиме барем 5 милиони денари за плата
Во Битола во ученичките и студентски домови има евидентен криминал. Еден пример – пилешко од „КАМ“ е 270, директорка на студентски дом на големо купувала за 570 денари пилешко килограм, а децата немаа ни храна.
Срамно е да се влезе во ученичичкиот дом во Велес, не можев да влезам од страшната реа, 200 легла беа празни бидејќи не може да се живее Во Струмица ученичкиот дом исто ќе го средиме. За 5 месеци не може да се среди нешто што не се средило за 5 години“ порача Јаневска.