Со какви предизвици се соочувааат архитектите и урбанистите – фокус на конференција во Битола

Во Офицерскиот дом во Битола, денеска е започне Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, организирана од Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Дводневната конференција ќе ја обработува темата „Граници на архитектурата“, истражувајќи ги ограничувањата и предизвиците со кои се соочуваат архитектите и урбанистите во нивната работа.

Програмата е богата со инспиративни содржини, меѓу кои говори, презентации и панел-дискусии од истакнати архитекти и урбанисти од Македонија, регионот и Европа. Учесниците ќе дискутираат за тоа како архитектурата ги надминува физичките, културните, правните, естетските и еколошките бариери, претворајќи ги во можности за создавање хумани и функционални простори.

Гостите на конференцијата вклучуваат:
• Рут Шагеман, претседател на Советот на архитекти на Европа
• Кристоф Најдовски, заменик-градоначалник на Париз
• Водечки архитекти и урбанисти од Македонија, регионот и пошироко.

Дополнителни активности вклучуваат изложба на „Атлас на македонската модерна архитектура“, тркалезни маси за урбанистичко планирање, како и можности за вмрежување и размена на искуства преку коктел-сесии.

Оваа конференција има за цел да ги истакне иновациите и добрите практики во архитектурата, како и да отвори нови перспективи за иднината на урбанистичкиот развој.


1070

Задолжително

Verified by MonsterInsights