На изборот за „Кралица на Евроазија 2024“, Јулијана Ѓорѓиевска е прогласена за „Европска кралица“

На изборот за „Кралица на Евроазија 2024“ кој се одржа во Анталија, Турција, титулата „Miss Europe“ односно „Кралица на Европа“ ја освои 26 годишната Македонка,  Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.

Таа на изборот ја претставуваше Македонија во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.

Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата „Кралица на Азија“ и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.

Нашата Јулијана, која е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, гордо ја претстави Македонија.


1291

Задолжително

Verified by MonsterInsights