Александар Димитровски Мачка и Едина Муса направија свадба
Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка направија свадба во еден познат скопски угостителски локал. За неа премиера, за него – реприза!
Невестата која е во поодмината фаза на бременост блесна во тесна, припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, додека младоженецот одбрал класичен костум.
На свадбената веселба меѓу званиците присуствуваале и многу познати личности. Но, иако за некого изненадување, за некого сосема нормално, присуствуваа и двете деца од првиот брак на младоженецот, ќерката Хана и синот Дарен, кои Димитровски ги доби со поранешната сопруга, поп пејачката Тамара Тодевска, сo која по седум години брак се разведоа, но очигледно останаа во добри односи.
За тоа сведочи фотографијата подолу која и самата Тамара ја сподели на своите Инстаграм приказни: „Спремни за кај тато на свадба“!



