Почнаа градежните активности на улицата Васил Доганџиски во Штип
Општина Штип по барање на граѓаните започнува со уредување на тротоарските површини како и рехабилитација на улицата „Васил Доганџински“.
Во прва фаза ќе се уредуваат тротоарските површини и нанесување на асфалтен слој на дел од улицата, а како втора фаза предвидено е поплочување на дел од атмосферскиот канал, со цел граѓаните да добијат повеќе паркинг позиции.
Целта на овој проект е пешаците и учесниците во сообраќајот да имаат поголема безбедност со оглед на тоа што оваа улица е доста фрекфентна и се наоѓа во близина на повеќе образовни институции.