„Дојде 11-ти и ништо не се случи, ДУИ ЗНАЕЈА, такви се судските процедури, НАМЕРНО КРЕИРАА ТЕНЗИЈА“
ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи, затоа што такви се судските процедури. ДУИ намерно креира постојана атмосфера на етнички тензии тоа го прават кога ќе се соочат со предизвици и со проблеми заради криминал, а на тој начин сакаат да одвлечат внимание, изјави Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
ДУИ креира намерно тензии не затоа што се грижат за правата на Албанците, туку затоа што сака да ги заштити криминалците во нивните редови како Артан Груби и останатите.
Самиот факт што Артан Груби се најде на црната листа ги извади на површина политичките криминалци од ДУИ и СДС, кои се борат за власт да прават криминал.
И шаторите со двајца без тројца на ДУИ пред Уставен беа само блед обид да ги манипулираат Албанците, кои ги лажат две децении.