Претседателот на Уставен: Сведоци сме на ПОЛИТИЧКО НАСИЛИЕ, ПРИТИСОЦИ И УЦЕНИ НА УСТАВНИОТ СУД

Ние изминатиов подолг период сме сведоци на едно непримерно, можам да го наречам и политичко насилие, влијание, притисоци на некој начин и уцени на Уставниот суд. Тоа е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка култура, да не зборувам за уставна култура, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од никого и нема да дозволам да биде под притисоци и закани од било кого. Секој што мисли дека владеењето на правото, правната држава ќе ја попречат со политичко влијание и со манипулации, воопшто да не се трудат. Такво нешто нема да се случи. Уставниот суд има јасни надлежности, ги црпи од Уставот. Уставниот суд е чувар на Уставот и го чува во таква форма, таков како што е, нагласи Костадиновски.


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights