ИМПЕРИЈАТА Е СРУШЕНА – Нафтена компанија прогласи банкрот

Сингапурскиот нафтен магнат Лим Он Квин (82) прогласи банкрот по распадот на неговата империја, објави денеска Блумберг.

Фото: Shutterstock
Неговото име како основач на Хин Леонг Трејдинг Пте и неговите деца Лим Хуеј Чинг и Лим Че Менг, кои беа директори на компанијата, беа наведени во налогот за стечај издаден на 19 декември.

Во својот врв, компанијата „Хин Леонг“ тргуваше со голем број нафтени деривати, управуваше со терминали за утовар и магацини.

Компанијата „Хин Леонг“ беше обвинета дека сокрила повеќе од 800 милиони долари загуби и оставила повеќе од 20 банки со огромни обврски.

Високиот суд во Сингапур во септември ги одобри договорите на семејството Лим да плати 3,59 милијарди долари на ликвидаторите на неговата пропадната компанија и на доверителот „HSBC Holdings Plc“, со што заврши граѓанската постапка против Лим Он Квин.

Тој тогаш рече дека нема доволно средства да ги плати сите и дека ќе поднесе барање за стечај.


1289

Задолжително

Verified by MonsterInsights