Хари Костов и Илија Илоски – последните мохиканци што не се откажуваат од своето чедо

Македонската деловна заедница ја памети улогата на менаџерите на големите банки, кои со децении имаа битно влијание врз развојот на банкарскиот систем во земјава и изградија акционерски друштва што прераснаа во финансиски институции што денес се главна потпора односно извор за финансии за македонските компании, за граѓаните и воопшто за македонската економија. Нема човек во земјава што не ги знае брендовите како што се „Комерцијална банка“ АД Скопје, „Стопанска Банка“ АД Скопје и „НЛБ банка“ АД Скопје. Голем број од повозрасните граѓани и особено оние што се дел од бизнис-секторот добро ги паметат имињата на Ѓорѓи Јанчевски, долгогодишен генерален директор на „НЛБ банка“, и Глигор Бишев, долгогодишен генерален директор на „Стопанска банка“ АД Скопје, а подоцна и на „Шпаркасе банка“. Станува збор за лица што долго време беа на високи раководни функции, но се повлекоа откако ги исполнија условите за одење во пензија. 

Последните мохиканци од, условно кажано, старата генерација големи банкарски менаџери што сѐ уште се активни во земјава се Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Комерцијална банка“, и Илија Илоски, главен оперативен директор и член на Управниот одбор на „Комерцијална банка“.

 

Костов во „Комерцијална банка“ АД Скопје доаѓа како генерален директор во 1996 година. Во периодот од 2002 до 2004 година заминува во Владата на Република Македонија како министер за внатрешни работи, а подоцна станува премиер. Од 2004 година продолжува да работи во „Комерцијална банка“ АД Скопје како прв генерален директор, а од 2008 година ја извршува сегашната функција.


1134

Задолжително

Verified by MonsterInsights