Топ 25 за 2025-та: Луѓе и идеи со влијание во регионот
Во годината што ја оставаме зад нас глобалната економија закрепна бидејќи земјите успеаја да ги контролираат инфлацијата, геополитичките несигурности и транзицијата кон позелена и дигитална иднина. Иако изгледите за растот остануваат позитивни, се соочуваме со година на големи предизвици – најголемите се поврзани со нееднаквоста, долговите и геополитичките тензии.
Во вакво опкружување, трета година по ред, ние во „Блумберг бизнисвик Адрија“ ги избираме луѓето и идеите што ја обележија тековната година, но ќе имаат влијание и во следната. Неизвесноста за идните настани и потенцијалните ризици се клучните карактеристики на стратегиите што се креираат сега, но не ги затвораме очите пред оптимизмот што моментално ги поттикнува пазарите на капитал, позитивните вибрации во приватниот сектор и очекувањата за намалени политички тензии.
Целата листа можете да ја погледнете овде.
Годинава избираме најдобар бизнисмен и најдобра компанија во секоја од петте земји – Србија, Хрватска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина. Но избравме и визионери, луѓе чии идеи ги поместуваат границите и чие влијание ќе достигнува нови височини. На списокот има и луѓе што биле на претходните листи – познати луѓе што прават нови работи (Новак Ѓоковиќ, Живко Мукаетов, Блаж Бродњак), предизвикувачки проекти (суперкомпјутер што ќе се напојува со електрична енергија од хидроцентрала), но и нови имиња што прават историски работи (Беата Халаси, Светлана Мојсов).