Крис Ланган е човек со највисок IQ во историјата, има коефициент на интелигенција за 30 до 50 поени повисок од Алберт Ајнштајн

Крис Ланган (72) има коефициент на интелигенција за 30 до 50 поени повисок од Алберт Ајнштајн, а неговиот поглед на задгробниот живот е многу интересен.

Едно од најдлабоките и највозбудливи прашања со кои се соочуваат луѓето е: што се случува по смртта? Оваа егзистенцијална енигма носи толку многу прашања, стравови и надежи што стана предмет на филозофски, религиозни и научни дискусии низ историјата. Но, можеби најинтригантниот одговор досега го има човекот со еден од највисоките коефициент на интелигенција во историјата – Крис Ланган, американски ранчер на коњи и самоук гениј кој тврди дека го знае одговорот на ова прашање.

Крис Ланган (72) е познат по тоа што неговиот коефициент на интелигенција е помеѓу 190 и 210, што е за 30 до 50 поени повисок од тој на Алберт Ајнштајн. Иако животот го поминал далеку од академските центри, Ланган развил теорија наречена Когнитивно-теоретски модел на универзумот (CTMU), која ја објаснува врската помеѓу умот и реалноста.

Тој верува во друга димензија

Според Ланган, смртта не е крај на постоењето, туку премин кон сосема нова состојба на постоење што ги надминува границите на нашата сегашна реалност.

Ланган верува дека кога ќе умреме, преминуваме од една форма на постоење во друга, во рамките на математичката структура на реалноста. Тој верува дека свеста, или душата, преминува во друга димензија или рамнина на постоење до која не можеме да пристапиме додека сме живи. Иако не е јасно како изгледа таа нова димензија, Ланган верува дека традиционалните погледи на рајот и пеколот не можат да ја објаснат сложеноста на оваа транзиција и дека неговата теорија ја поставува смртта како транзиција кон сосема нова состојба, далеку од едноставните претстави за животот после смртта.

За време на неговото гостување на подкастот „Теорија за сè“ (The Theory of Everything) со Курт Џемунгал во мај оваа година, Ланган ја објасни својата перспектива за смртта. Според него, смртта е „прекинување на вашата врска со вашето конкретно физичко тело“, а по смртта „се враќате кон потеклото на реалноста“.

Тој тврди дека смртта не значи крај на постоењето, туку напротив – премин кон нова форма на постоење што овозможува продолжување на животот во друга форма.


1163

Задолжително

Verified by MonsterInsights