Македонија ќе биде брзорастечка економија во 2025, ИМАМЕ НАЈБРЗ РАСТ НА БДП ВО РЕГИОНОТ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и со буџетски дефицит под 4 проценти.

– Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 година. Растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти – рече денеска премиерот Мицкоски.

Според него, 2024 година на економски план заврши со подобри резултати од очекуваните.– Очекуваме да имаме позитивни параметри за растот на БДП за четвртиот квартал, со што севкупно, растот за 2024 година ќе биде 2,6 проценти, 2,7 проценти, а зошто да не и 3 проценти. Првиот квартал беше слаб, но третиот и четвртиот се навистина успешни, би рекол најдобри во регионот – изјави Мицкоски.

Тој повтори дека очекува нивото на странски инвестиции во 2024 година да надмине милијарда евра и да достигне уште поголем износ во 2025 година.

Буџетскиот дефицит за 2024, како што го информирала вчера министерката за финансии, има подобри параметри од предвидените и нема да биде 4,9 проценти, туку 4,4 проценти.

– За 2025 очекуваме да биде под 4 проценти. Навистина ќе имаме убави финансиски параметри, ќе бидеме меѓу првите пет-шест најбрзорастечки економии и ќе се вратиме на местата каде бевме пред 10-ина години, кога станува збор за економијата – изјави Мицкоски.


1139

Задолжително

Verified by MonsterInsights