Мицкоски на средба со Руси познатото семејство од Дебар: УСПЕШНИ АЛБАНЦИ ОД МАКЕДОНИЈА КОИ НЕ ЈА ЗАБОРАВИЛЕ СВОЈАТА ТАТКОВИНА

Site Icon

Премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација посетата во САД ја продолжија со средба со познатото семејство по потекло од Македонија, Руси.

Во рамки на посетата на САД, со моите соработници остварив средба со семејството Руси – познато албанско семејство од Дебар, кое повеќе генерации живее и работи во САД. Тие се пример за успешни Албанци од Македонија кои не ја заборавиле својата татковина и сакаат да помогнат за нејзиниот напредок.

Разговаравме за можностите за зајакнување на врските помеѓу дијаспората и Македонија, како и за проекти кои ќе донесат придобивки за сите граѓани.Верувам дека само заеднички, сите, без разлика на етничката припадност, можеме да работиме сложно за изградба на стабилна и просперитетна Македонија.

Потребни ни се сите кои можат да придонесат – и дома и од дијаспората, за да ја создадеме иднината што ја заслужуваме, напиша Мицкоски.


1216

Задолжително

Verified by MonsterInsights