Донесена владината програма за 2025: ДА СЕ КРЕНЕ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД И ПОСИЛНА МАКЕДОНИЈА

Како што влегуваме во 2025 година, моја чест е денеска пред вас да ја презентирам Програмата за работа на Владата за 2025 година, која, имено, беше донесена на 45-та владина седница. Би сакала да ги споделам со вас клучните столбови на оваа Програма и како тие имаат за цел да го подигнат животниот стандард, изјави владината портпаролка Марија Митева

Програмата за 2025 година е во функција на остварување на стратешки приоритети за 2024 – 2028 година, секој дизајниран да одговори на итните предизвици: од обновување на довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото.

Се разбира, економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, се разбира создавање на квалитетни работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација на јавните услуги.

Содржината на оваа Програма е поделена по тематски подрачја и е поделена по динамика  по месеци за секој приоритет, што уште еднаш ја потврдува нашата посветеност на транспарентност и на предвидливост којашто можат да ја имаат граѓаните, да знаат што можат да очекуваат. Се разбира во минатото, многу од проектите беа одложувани, што уште еднаш потврдува дека оваа Програма има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати.


1183

Задолжително

Verified by MonsterInsights