Проект ,,Чудесна лабораторија”
Честитки за учениците од IV-6 одд. , ученичката Анастасија Паревска VIодд. и Марко Паревски III-5 одд. од подрачното училиште во Горно Оризари, за добиените сертификати за учество , спроведени и реализирани активности кои за нив беа интересни и забавни, а учениците ја покажаа својата креативност,своите способности, вештини и се стекнаа со нови искуства. Низ страниците на современата бајка ,,Тајните на Сината Самовила” учениците се запознаа со волшебникот Бојараус и Сината Самовила, прошетаа низ Шарен Град и на многу други места. Патувањето низ страниците на оваа современа бајка беше волшебно и прекрасно искуство.