Македонската филхармонија и македонската оперска дива Ана Дурловски ќе гостуваат во Софија

Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме дека Македонската филхармонија и македонската оперска дива Ана Дурловски ќе гостуваат во Софија на 17 февруари 2025 година, кога заедно со Софиската филхармонија, Солунскиот државен симфониски оркестар и Националниот хор на Софиската филхармонија ќе ја изведат сценската кантата за солисти, хор и оркестар “Кармина Бурана” на композиторот Карл Орф.

Концертот ќе се одржи на 17 февруари ( понеделник ), во Националниот дворец на културата – НДК во Софија, со почеток во 19:00 часот.

Овој спектакуларен културен настан ветува незаборавно музично доживување, со врвни музички уметници и изведувачи од Северна Македонија, Бугарија и Грција.

Се надеваме дека ќе се видиме на концертот!!!


1178

Задолжително

Verified by MonsterInsights