Влезот во Еврозоната ќе ги зголеми платите во Бугарија! Секоја втора компанија очекува повисоки трошоци за работната сила
Над 50 проценти од компаниите или секој втор работодавач во Бугарија очекува дека трошоците за работна сила ќе се зголемат по влезот на земјата во еврозоната. Ова го покажува студијата на Бугарската трговско-индустриска комора меѓу бизнисите доставена до „Телеграф.бг“. Во неа учествуваа повеќе од 100 испитаници, меѓу кои и менаџери на претпријатија и претставници на граѓански организации. Меѓу другите грижи на матичните компании е дека ќе има скок на цените на суровините, бидејќи такви очекувања имаат 41 отсто од компаниите. 47 отсто се со став дека и цените ќе пораснат.