СРЕДБА МИЦКОСКИ – ЕРДОГАН: Ќе се основа Совет за соработна на високо ниво на Македонија и Турција
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Како што информираше на средбата е потврдена заедничката посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Во таа насока, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.
Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христија Мицкоски.

