Викторија Брдаровска најдобар студент на Правен факултет при УКЛО со просек 9.85

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на посебен настан „Студентската извонредност – сјајот на УКЛО“ додели признанија за студентска извонредност и сестраност. Манифестацијата беше целосно посветена на најдобрите студентите, оние кои се истакнале со труд и успех во своите академски, но и воннаставни и креативни активности.

Од Правен факултет започнувајќи од 2022 година најдобра студентка е Викторија Брдаровска со просек 9.85.
Исто така таа е учесник на работилници, клиники и школи од Правниот факултет. Била член на ФСС, УСС и член на комисија при УКЛО.

На настанот беа доделени награди во три категории на 43 студенти на прв циклус студии од Амбасадата на Народна Република Кина. Признанијата се доделени за исклучителни постигнувања, со што се потврдува заложбата на студентите за успех и напредок во академската и професионалната сфера.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски посочи дека доделените признанија претставуваат дополнителна потврда за значењето на високото образование и посветеноста на студентите кон својата академска и професионална иднина и посветеноста на УКЛО кон своите студенти, особено оние кои се истакнуваат со својот успех и ангажираност. Воедно, чинот е значаен и за Универзитетот бидејќи признавањата имаат важна улога во создавањето на позитивна и инспиративна атмосфера, која ги поттикнува студентите да се развиваат и да бидат успешни во своите професионални и лични патувања.

Во рамки на манифестацијата, ректорот Неделковски на в.д амбасадорот на Народна Република Кина, Ксу Леи му додели благодарница, а гостинот доби и пригодна колекција од УКЛО КОЛОРС.
Настанот се одржа, вчера, 27.2.2025 г во кино Манаки – Битола.


2085

Задолжително

Verified by MonsterInsights