50 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА НА ТЕЦ НЕГОТИНО

🚨ТЕЦ Неготино денес одбележува 50 години од почетокот на изградбата, со камен-темелник поставен на 6 март 1975 година. Три години подоцна, на 10 март 1978 година, централата започна со производство на електрична енергија.

🟠Со инсталиран капацитет од 210 MW, ТЕЦ Неготино досега има произведено 5045,3 гигават-часа електрична енергија. Рекордното производство е забележано во 1983 година, со испорачани 471,9 гигават-часа.

💡Централата главно работи во исклучителни ситуации, поради употребата на мазут како гориво, што е еколошки неповолно и економски неефикасно. Плановите за пренамена на централата и префрлање на гас се интензивираат, особено со изградбата на гасоводот од Клечовце до Неготино.

🟨Минатата година, ТЕЦ Неготино стана дел од АД ЕСМ, со цел да се подобри ефикасноста и економичноста на работењето. Утврдена е оправданоста од присоединувањето, со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет , порационално управување, искористување на оперативниот, производствениот и на управувачкиот персонал.

📍Термоелектраната се наоѓа во близина на селото Тремник, 6,5 км југоисточно од Неготино, во централна Македонија.


1135

Задолжително

Verified by MonsterInsights