Јавна расправа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, за гаранциите за потекло (GOs) на електрична енергија во Македонија

Вработени од Секторот за производство при АД ЕСМ учествуваа на јавната расправа во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде беа претставени правилата за гаранциите за потекло (GOs) на електрична енергија во Македонија. Издавањето на гаранциите, ќе значи поддршка за зелената транзиција, транспарентен и одржлив енергетски пазар и јасен увид во изворот на енергија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакна дека GOs им овозможуваат на потрошувачите јасен доказ за користење на енергијата од обновливи извори.

„Ова не е само техничка реформа – ова е промена што ќе ги поттикне граѓаните и компаниите да избираат зелена енергија. Гаранциите за потекло отвораат врати за домашните компании на европскиот пазар, каде што потрошувачите сè повеќе бараат потврдени извори на обновлива енергија. Македонија оди напред со европски стандарди и транспарентен енергетски пазар“, нагласи Божиновска.

Тимот од МЕМО ДООЕЛ Скопје активно работи на системот, и во април започнуваат со официјално издавање на гаранциите, што ќе се издаваат само за електроцентрали од обновливи извори запишани во Регистарот на Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, кои произведуваат електрична енергија во нашата земја.

Со оглед на предизвиците во енергетскиот сектор, активното учество на АД ЕСМ на овие настани ги зајакнува нашите партнерства и ја унапредува стратешката позиција на компанијата во националната енергетска политика.


1204

Задолжително

Verified by MonsterInsights